Шефот на руската дипломатија Лавров во Македонија

Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија. Лавров во Охрид ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски. Милошоски и Лавров ќе потпишат План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за оваа и идната година. Рускиот министер за надворешни работи за време на престојот ќе ја посети изложбата по повод 150 години од отворањето Конзулат на Русија во Битола, а ќе ги разгледа и културно-историските знаменитости на Охрид.
Престојот на Лавров во Македонија е дел од неговата балканска турнеја во чии рамки тој ги посетува и Србија, Црна Гора и Словенија.