Укинат спорниот сиријски закон, се чека потпис од претседателот

Сиријската државна новинска агенција јави дека владата го одобрила укинувањето на закон за вонредни состојби, што беше едно од главните барања на антивладините демонстранти. Се учекува дека претседателот Башар Ал Асад ќе го потпише указот за изгласаниот предлог за укинување на легислативата. За сега не се знае дали овој потег ќе ги смири про-демократските демонстранти во земјата. Очевидци сведочат дека денеска сиријската полиција убила еден човек во протестите во градот Хомс. Насобраните бараат оставка од шефот на државата. Според проценките на хуманитарните организации, најмалку 200 лица загинале во протестите во Сирија во изминативе месец дена.