Сергеј Лавров утре во Македонија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе престојува во еднодневна посета на Македонија. Лавров во Охрид ќе има средби со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Министрите Милошоски и Лавров ќе потпишат План за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за период 2011-2012 година. Рускиот министер за време на престојот ќе ја посети изложбата по повод 150 години од отворањето Конзулат на Русија во Битола што ќе биде поставена во хотелот „Инекс Горица,,. Престојот на Лавров во Македонија е дел од неговата балканска турнеја во чии рамки ќе ги посети и Србија, Црна Гора и Словенија.