САД негираат дека го поткопуваат режимот на сирискиот претседател

Демонстрации во Сирија

Соединетите американски држави негираа дека се обидуваат да ја поткопаат владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но признаа дека ги поддржуваат граѓанските групи кои бараат демократските реформи и слобода на изразување. Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, рече дека Соединетите држави соработуваат со преставници на граѓанското општество во Сирија со цел да се зајакне слободата на изразувањето. Коментарите на Стејт Департментот дојдоа откако беше објавена една статија во "Вашингтон Пост " во која пишува дека САД ги финансираат опозициските групи во Сирја , како и анти-владиниот сателитски ТВ канал Барада.
.