Кениец постигна најдобро време во трчање маратон

Кениецот Џефри Мутаи на маратонот во Бостон истрча најбрзо време во историјата , но тоа нема да стане нов светски рекордер.Мутаи го истрча маратон од 42,2 километри во Бостон, за два часа, три минути и две секунди. Но, бидејќи на делови патеката содржи удолници, официјалните лица соопштија дека времето нема да се смета за светски рекорд. Официјалниот светски рекорд останува да биде два часа, три минути и 59 секунди, а него до држи Хајле Гебрселасие . Тој рекордот го постигна во 2008-та на Берлинскиот маратон.