Временска прогноза-променливо облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа и засилен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од три до осум, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје температура ќе достигне до 18 степени.