Косор ќе преземе дипломатска акција за заштита на хрватските генерали

Јадранка Косор

Хрватскиот премиер Јадранка Косор денеска изјави дека владата уште оваа недела ќе преземе нови чекори во врска со пресудите против хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, што ги изрече Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, пренесе Танјуг. Косор изјави дека оценката на судот за „колективното криминално однесување“ е целосно неприфатлива и треба да се направи се што е можно при обжалувањето на пресудата тоа да се укине. Таа рече дека веќе е почната акција на дипломатско ниво и многу дипломатски претставници и амбасади во Хрватска веќе добиле детална научна студија на оваа тема, подготвена од Академијата за правни науки.