Предвремените избори ќе чинат над 6 милиони евра

За претстојните предвремени парламентарни избори Државната изборна комисија ќе бара од Министерството за финансии вкупно 405.630.000 денари, или 6 милиони и 650 илјади евра. Според проценките на Комисијата, од вкупните средства, околу 1 милион и 200 илјади евра ќе бидат потрошени за потребите за гласањето на дијаспората на предвремените избори.