Убиен исламистички милитант во Русија

Руските власти потврдија дека безбедносните сили убиле исламистички милитант кој координирал напади во Северен Кафказ и упатувал закани до официјална Москва. Новинските агенции, повикувајки се на соопштение од Националниот антитерористички комитет, јавија дека вооружените сили го убиле Исрапил Валидзанов и тројца негови соработници во Дагестан денеска. Милитантите наводно почнале да пукаат кон полицијата која се обидела да го сопре нивното возило.