Европски проект за техничка помош на Собранието

Евроамбасадорот Петер Соренсен, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски денеска го промовираа прокетот „Техничка помош за Парламентот“, финансиран од Европската унија. Целта на проектот, кој ќе се спроведува 18 месеци, а вреди 600.000 евра, е да се зајакне институционалниот капацитет на Собранието и да му се помогне на раководството во Парламентот да го подобри своето знаење и методи на работа, особено кога им помагаат на собраниските комисии и на пратениците во подготвување, ревидирање и носење национални закони потребни за членство во унијата.