Роботи во нуклеарката Фукушима

Роботи во Фукушима

Јапонија почна да користи роботи за испитување на штетите во нуклеарната централа Фукушима, откако го објави планот за стабилизација на нуклеарката за 9 месеци. Претседателот на компанијата ТЕПКО, Масатака Шимицу, денеска го уверуваше парламентот дека ситуацијата е под контрола. Инаку, роботите треба да проверат дали нивото на радијација е безбедно за работниците да можат да го поправаат системот за ладење.