Експлозии на автомобили бомби во Багдад

Два автомобила бомби експлодирале денеска во близина на зелената зона во Багдад, при што три лица загинале, а над 10 биле повредени. До експлозиите дошло на еден контролен пункт пред зелената зона, а меѓу повредените се и неколкумина ирачки војници.