Штрајкот со глад и жед го одведе Николиќ во болница, наместо на избори

Претседателот на Српската напредна странка, Томислав Николиќ штрајкува со глад и жед во српскиот Парламент

Претседателот на опозициската Српска напредна странка, Томислав Николиќ, кој штрајкува со глас и жед во српското Собрание барајќи предвремени парламентарни избори, синоќа е пренесен во болница, откако му се влоши здравствената состојба. Тој одбива да прима терапија. Николиќ го почна штрајкот завчера. Српскиот претседател Борис Тадиќ, претходно го посети Николиќ во Собранието и го повика да го прекине штрајкот со глад, но ја отфрли можноста за исполнување на неговото барање за распишување на предвремени избори. Исполнувањето на барањето на Николиќ, според Тадиќ, би било „воспоставување преседан во јавното однесување“. Тадиќ повтори дека изборите ќе ги распише по одлуката за кандидатура на Србија за членство во ЕУ.