Финските националисти во подем

Хелсинки. Финските националисти не сакаат да ја спасуваат банкротираната Европа

Финските националисти освоија една петина од гласовите, покажуваат првичните резултати од парламентарните избори во Финска. По пребројани три четвртини од гласовите, партијата Вистински Финци има речиси ист број гласови со конзервативците и со социјалдемократите. Националистичката Вистински Финци не сака нивната земја да ги спасува европските држави што се дават во долгови.