Невреме во Кина, 17 загинати

Илустрација: Молња

Најмалку 17 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени, во големо невреме во Кина. Државната новинска агенција Ксинхуа објави дека јужната провинција Гуангдонг била погодена од град, дожд и силни ветрови. Во погодениот регион има многу производствени капацитети, клучни за кинескиот извоз. Нема индикации за сериозни оштетувања на производните постројки.