Клинтон ја реафирмираше американската подршка за Јапонија

Соединетите американски држави ќе дадат се` од себе за да помогнат во справувањето со последиците од земјотресот кој ја погоди Јапонија на 11 март, изјави денеска американскиот државен секретар Хилари Клинтон за време на посетата во земјата. Таа оствари средби со јапонскиот премиер Наото Кан и Императорот Акихито. Претходно, шефот на компанијата за производство на електрична енергија во Токио изјави дека фирмата составила план за санирање на оштетената нуклеарна централа во Фукушима во рок од шест до девет месеци. Цунејиса Катсумата појасни дека системот за ладење на нуклеарните јадра би требало да се возобнови за три месеци, со што би се редуцирало радиоактивното зрачење од објектот. Во рок од шест месеци компанијата планира комплетно да ја сопре радиацијата.