Казни од 40 милиони евра за девет романски фирми

Романската Национална компанија за автопатишта и национални патишта побарува околу 40 милиони евра од девет романски и странски компании заради различни пропусти, вклучувајќи и доцнење со исполнување на проектите, соопшти сајтот Зиаре. На списокот на фирми, на кои ќе им бидат наметнати казните, се француската Колас, шпанската ФКК Конструксион и италијанската Асталди. Најголема казна од 16,08 милиони евра ќе и биде наложена на компанијата Колас, која требаше да ја изгради делницата Црна вода - Меџидија, од автопатот што ги поврзува Букурешт и Констанца.