Парламентарни избори во Финска

илустрација

Гласачките места се отворени во Финска за парламентарните избори во земјата. Предизборните анкети покажуваат дека владеачкјата коалиција е во минимално водство пред другите партии. Аналитичарите очекуваат дека на изборите добар дел од гласовите ќе ги добие и Партијата на вистинските Финци, која се противи на европските планови за спас на земјите членки од задолженост. Предизборните анализи, пак, покажуваат дека многумина жители на Финска ги гледаат партиите како организации кои изгубиле контакт со народот.