ММФ: Нема планови за реструктурирање на грчкиот долг

централата на ММФ

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан изјави дека не постојат планови за реструктурирање на долгот на Грција и покрај стравувањата на финансиските пазари дека тоа може да се случи, пренесоа агенциите. Тој потсети дека владата во Атина разработи програма за спас на грчката економија, што е западната во долгови, и да ги исплати своите кредитори, а оваа програма беше поддржана од ЕУ и ММФ. „Ништо не е променето. Точка“ рече Строс-Кан.