Промоција на француската култура во Скопје

од последната прослава на Денот на Европа

Денеска во Скопје беше промовирана меѓусебната соработка и поддршката која Македонија ја добива од Франција, во пресрет на 9 мај-Денот на Европа. „Целта е граѓаните на Македонија поблиску да се запознаат со француската култура, традиции, храна и вино. Така ќе продолжиме и во наредните викенди со што ќе се придружиме на глобалното одбележување на 9 мај-Денот на Европа, а со тоа ќе ги доближиме европските вредности и визии до македонските граѓани“ рече Наумовски. Изразувајќи благодарност што Франција е првата земја која ќе биде претставена во рамките на манифестациите за Денот на Европа, францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже рече дека со ова се овозможува воспоставување нов и директен контакт со населението. „Денес е нов ден на поблиски односи меѓу Франција и Македонија, а тоа е доказ дека Франција продолжува да ја поддржува Македонија во напорите за влез во Унијата“ рече Шлумберже.