ИСО стандард во јавната администрација

Владата донесе одлука за воведување на стандардот ИСО 9001:2008 во сите институции на јавната администрација, информираа денеска на прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерите за образование и наука и за информатичко општество и администрација, Никола Тодоров и Иво Иваноски. Овој стандард според, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, ќе овозможи подигање на квалитетот на раководење со институциите, на услугата и дополнителна професионализација.