Грција ќе ја приватизира државната електроенергетска компанија

Зградата на грчката влада во Атина

Грчките власти соопштија дека ќе ја приватизираат најголемата домнашна електроенергетска компанија ППЦ, но во неа ќе се остане државната управа. Потегот е дел од уште еден пакет мерки за зајакнување на економското опоравување. „Во 2012 година ќе го намалиме владиниот удел во ППЦ од 51 отсто, на 34 отсто, но ќе ја задржиме јавната контрола и менаџментот“ се наведува во соопштението на грчката Влада. До сега владини претставници повеќе пати ја отфрлаа можноста за продажба на уделот во фирмата. Компанијата контролира повеќе од 90 отсто од грчкиот пазар на електрична енергија, вреден шест милијарди евра. ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд и` вршат притисок на Грција да го сузбие монополот на компанијата, но нејзините силни работнички синдикати жестоко се противат на приватизацијата.