Силите на Гадафи го бомбардираат градот Мисрата

Либијските бунтовници тврдат дека силите лојални на Моамер Гадафи денеска го нападнале градот Мисрата и оти биле истрелани најмалку 100 ракети. Нема информации за жртви. Владините сили го држат под опсада градот Мисрата, кој е упориште на бунтовниците, над 6 недели.