Израелски воздушни напади врз позиции на Хамас

Израелски авиони рактерирале позиции на Хамас во Појасот Газа, но, како што јавуваат агенциите, никој не бил повреден. До воздушниот напад дошло откако претходно две ракети биле истрелани од Газа кон јужен Израел. До ескалацијата на израелско – палестинските инциденти дојде откако во минатата недела милитанти на Хамас со ракета погодија еден израелски училишен автобус при што беше повреден еден израелец. Израелците возвратија со воздушни и копнени напади, во кои беа убиени 19 палестинци.