5 НАТО и 4 авганистански војници загинаа при самоубиствен напад врз воена база во Авганистан

НАТО соопшти дека во напад на бомбаш самоубиец пред воан база во источен Авганистан, загинале петмина војници на Алијансата и четворица авганистански војници. Претставник на авганистанското Министерство за одбрана изјави дека напаѓачот бил облечен во воена униформа кога приоѓал кон влезот на базата. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.