Г-20 со план за превенција на глобална економска криза

Министрите за финансии на Групата 20, на состанокот во Вашингтон договорија мерки за превенција на идните глобални економски кризи. Според планот, Меѓународниот Монетарен Фонд ќе ги контролира нивото на долговите, буџетските дефицити и трговскиот баланс на 7-те водечки економии во светот. Франција го оцени овој договор како огромен прогрес иако земјите кои ќе бидат под мониторинг не се обврзани да ги спроведуваат препораките од ММФ.