ОН: седум милиони гладни во Авганистан

Обединетите нации денеска предупредија дека, поради постојан недостиг на храна во Авганистан, на околу седум милиони жители им се заканува опасност од гладување. Затоа е побарана ургентна помош во износ од 250 милиони долари. Се прецизира дека ситуацијата дополнително ја отежнуваат постојаните напади на талибанците во земјата која има околу 30 милиони жители.