Претседателот на Јемен не поднесува оставка

Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех денеска изјави дека тој сеуште е легитимиен претседател и ја повика опозицијата на дијалог за стабилизација на земјата. Салех им се обрати на илјадниците собрани негови подржувачи во главниот град Сана. Истовремено, илјадници демонстранти и денеска во Сана и во некои други градови бараа оставка од Салех.