Убиен шефот на полицијата во Кандахар

Шефот на полицијата во авганистанскиот град Кандахар бил убиен денеска во самоубиствен напад врз седиштето на полицијата. При експлозијата, биле повредени уште двајца полицајци. Во минатиот месец во сличен напад беше убиен и шефот на полицијата во северната провинција Кундуз.