НАТО ја повика Грузија да спроведе политички реформи

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на состанокот во Берлин денеска ја повикаа Грузија да ги спроведе изборните реформи пред изборите, предевидени за наредната година и да продолжи со политичките, судските и реформите на медиумите. Грузијскиот шеф на дипломатијата, кој учествуваше на состанокот, изрази загриженост од руското воено присуство во отцепените грузијски региони Абхазија и Јужна Осетија. НАТО министрите имаа средба и со украинскиот министер за надворешни работи, а во Берлин допатува и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, на состанокот Советот, НАТО – Русија.