Распишани предвремените парламентарни избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја потпиша Одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 5 јуни. Распишувањето на изборите следува по вчерашното распуштање на Собранието, со што заврши мандатот на досегашниот пратенички состав, кој беше избран исто така на предвремени избори на 1 јуни 2008 година.
Изборите на 5 јуни се втори вонредни, а вкупно седми парламентарни од осамостојувањето на Македонија.