Г20 на состанок за спречување идни економски кризи

Од состанокот на Г20 во Париз, февруари 2011

Министри за финансии и шефови на централни банки од Групата 20 развиени земји денеска во Вашингтон ќе разговараат за ризиците по глобалното задравување и како да се спречат евентуалните идни економски кризи. Се очекува да биде понуден план за создавање светска економија која ќе биде помалку склона на брзи порасти и брзи падови што беа карактеристика во изминатве две децении. На одвоен состанок во Кина лидерите на Бразил, Русија, Индија и Кина, како и на Јужна Африка повикаа на нов глобален монетарен систем кој ќе биде помалку поврзан со доларот. Тие побараа и порешавачки глас во светските финансиски институции.