ЕУ загрижена за референдумот во Република Српска

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон изрази загриженост поради одлуката на Собранието на Република Српска да распише референдум за одлуките на вискиот претставник на меѓународната заедница, посебно за судот и обвинителството во Босна и Херецеговина. ,,Многу сум загрижена за состојбата во БиХ, а одлуката за референдум е чекор во погрешен правец,, наведува Ештон во соопштението во кое ги повикува политичките лидери на РС да не го подриваат досегашниот напредок.