Брисел :Трета рунда разговори меѓу Белград и Приштина.

Белград и Приштина ќе го продолжат дијалогот во Брисел.Состанокот ќе се одржи попладне. На дневен ред ќе бидат повеќе теми од три области за кои досега беше разговарано.Разговорите на тимовите на Белград и Приштина се одржуваат под закрила на ЕУ. Досега се одржани две рунди од разговорите на кои се расправаше за катастарот, телекомуникации, претседавање со ЦЕФТА и изгледот на царинските печати, електричната енергија и матичните книги.