Времето денеска и натаму променливо

Времето ќе биде облачно со повремени сончеви периоди, а повремено ќе има и зголемување на облачноста. Во крајните југозападни делови можен е краткотраен слаб дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 13 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.