Расмусен: Потребни се повеќе ресурси за операциите во Либија

Андрес Фог Расмусен

Шефот на НАТО Андрес Фог Расмусен денеска се заложи за продолжување на мисијата во Либија. „Посветени сме да ги обезбедиме сите потребни ресурси за максимална флексибилност во операциите, согласно нашиот мандат. Ќе се одржува високо операционо темпо против легитимни мети и ќе извршуваме притисок се` додека е неопходно“ рече Расмусен на крајот од состанокот во Берлин на кој се собраа министрите од 28 – те земји членки на Алијансата. Генералниот секретар на организацијата посочи дека се потребни повеќе ресурси. Само шест од 28 членки на НАТО учествуваат во операциите во северноафриканската земја. Британија и Франција побараа инволвирање на повеќе држави во операциите против режимот на либијскиот лидер Муамар Гадафи.