НАТО контра Гадафи, почна состанокот во Брисел

Се` додека силите на Гадафи напаѓаат цивили во Либија, НАТО ќе продолжи со интервенцијата во земјата, рече денеска генералниот секретар на Алијансата Андрес Фог Расмусен во говорот пред министрите за надворешни работи од 28-те земји членки на организацијата, кои се состануваат во Берлин. „Нато и неговите партнери од Арктикот до Арапското море непрекинато работат за подршка на резолуцијата 1973 на Обединетите нации. Нашата цел е безбедноста на жителите на Либија“ рече Расмусен. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, пред средбата изјави дека НАТО се обединува за да се стави крај на владеењето на Гадафи. Франција и Британија, пак сметаат дека Алијансата не вложува доволно напори. Германија и Турција се против воздушните и поморски напади во северноафриканската земја.