Ковер-Западен Балкан што поскоро во ЕУ

Претседателот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер повика земјите од Западен Балкан што поскоро да бидат вклучени во преговорите за пристапување во ЕУ за регионот да може да извлече корист од евроинтеграциите. Ковер чија земја претседава со Унијата ја даде изјавата на дводневниот состанок на претставниците на европскиот и унгарскиот парламент во Брисел.
Главна тема на состанокот е евроинтеграцијата на Западен Балкан.