Власта контра ММФ - не ги менува проекциите за инфлацијата

Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вели дека Владата останува на проектираната стапка на инфлација од три проценти и покрај најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нејзино достигнување до пет проценти до крајот на годинава. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Владата за заемот од ЕБОР за изградба на автопатската делница Демир Капија - Смоквица, Ставрски информира дека надлежните институции прават анализи за можностите за ублажување на последиците од порастот на цените од нафтените деривати. Државата, како што рече, зависно од анализите ќе преземе чекори за заштита на стандардот на граѓаните и конкурентноста на државата.