Грција не планира реконструкција на долгот

од протестите по воведувањето на мерките за штедење

Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину денеска ја отфрли можноста за реструктуирање на долгот на земјата. Тој рече дека иако голем број аналитичари ја поддржуваат идејата за измена на условите за отплата на долгот, Владата во Атина не се согласува со таа идеја. Грција минатата година се спаси од банкрот благодарение на 110 милијарди евра вредниот пакет помош од останатите земји членки на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Во замена за кредитот, Владата на Грција ги намали пензиите и платите на јавните службеници, а ги зголеми даноците и старосната граница за заминување во пензија. Мерките за штедење предизвикаа низа протести на работниците, а во денешните демонстрации вработените во Државниот институт за сметководство го блокираа влезот на Министерството за финансии во центарот на Атина.