Иран не дава гориво за авиони на западни земји

Иран реши да го прекине снабдувањето на европските авиони како одговор на сличните мерки што за иранските авиони ги воведе Европа, соопшти првиот заменик претседател Мохамад Реза Рахилми. Тој не прецизира дали оваа мерка веќе стапила во сила и кои авиокомпании ќе бидат погодени од неа.