Нови масовни гробници во Мексико

Мексиканските власти обвинуваат дека зад убивањето луѓе чии тела биле откриени во масовни гробници во близина на границата со Соединетите држави стоел картелот за криумчарење дрога познат под името Зетас. Во изминативе неколку денови во вакви масовни гробници биле откриени 116 тела. Полицијата уапсила дваесетмина под обвинување дека биле вклучени во убиствата.