ЕУ воведе нафтено ембарго спрема Либија

Кетрин Ештон

Европската Унија синоќа воведе дополнителни санкции кои би требало да го оневозможат финансирањето на режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи со приходите од нафта и гас, соопшти високата претставничка за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. На пописот на оние што се наоѓаат под санкции, додадени се 26 либиски фирми од овој сектор, со што практично се воведува ембарго на продажбата на тие енергенси.
Европската Унија во своите заклучоци повика на прекин на огнот во Либија, повторно го повика либискиот режим да го запре насилството против своите граѓани и изрази готовност да пружи воена поддршка за безбедна достава на хуманитарна помош во таа земја.