Состанок на Контакт групата за Либија

Во главниот град на Катар, Доха, денеска ќе биде одржан состанок на Контакт групата за Либија, на кој ќе учествуваат претставници на САД, Велика Британија, Франција, арапските земји, како и од меѓународните оргамизации, меѓу кои и ОН, Арапската лига и од НАТО. Контакт групата ќе се обиде да најде пат за решавање на кризата во Либија. Предвидено е на собирот да се обратат и претставници на Националниот преоден совет на либиските бунтовници.