Хосни Мубарак доживеал срцев напад

Хосни Мубарак

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак доживеал срцев напад за време на испитувањето, поради што е префрлен во одделението за интензивна нега во болницата во Шарм ел Шеик. Обвинителите почнале да ги испитуваат и синовите на Мубарак, Ала и Гамал, но тоа било прекинато откако нивниот татко бил префрлен во болница. Засега нема информации за здравствената состојба на Хосни Мубарак, а агенциите јавија дека тој одбивал да јаде и пие откако вчера дознал дека ќе биде испрашуван. Египетскиот државен обвинител побара сослушување на Мубарак и синовите, по обвинувањата дека тие се одговорни за насилство врз демонстрантите и за корупција.