Честитка од Обама до Уатара

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама му го честита на новиот претседател на Брегот на Слоновата Коска Аласан Уатара преземањето на функцијата како демократски избран лидер на таа земја, соопшти синоќа Белата Куќа. Во телефонскиот разговор Обама и Уатара се согласиле дека е неопходно да бидат истражени сите злосторства кои последните месеци се направени во земјата, без оглед на тоа кој е одговорен за нив. Уатара се обврзал дека ќе ја поддржува работата на истражната комисија на ОН и на Меѓународниот кривичен суд за време на истрагата.