Цеца виновна за затајување данок, можна казна од милион и пол евра

Српската фолк пеачка Цеца се изјаснила за виновна во врска со обвинувањата за затајување на данок, соопштија од канцеларијата на јавниот обвинител во Белград. Фолк ѕвездата се соочува со казна куќен протвор во времетраење од една година и парична казна во висина од еден и пол милион евра, ако судот во Белград ја прифати нејзината понуда за спогодба. Цеца е обвинета за даночно затајување при продажбата на фудбалери на странски фудбалски тимови. Таа го наследи фудбалскиот клуб Обичиќ од нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражњатовиќ, попознат како Аркан, екс командант на парамилитарната формација „Тигри“.