Медведев: Вселенската програма и натаму ќе биде приоритет

Димитриј Медведев

Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска рече дека вселенската програма на неговата земјата и понатаму ќе остане клучен приоритет. Лидерот ја даде изјавата по повод прославата на 50 годишнината од првиот човечки лет во вселената. Медведев го одбележа датумот со посета на вселенскиот центар во близина на Москва, каде имаше краток видео разговор со астронаутите кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, меѓу кои има и Руси.