Приведени неколкумина осомничени за бомбардирањето во белоруското метро

местото на експлозијата

Неколкумина осомничени биле приведени во врска со бомбардирањето на белоруското метро, соопшти денеска заменикот на јавниот обвинител Андрес Швед. Тој не даде дополнителни информации. Претходно, од Министерството за внатрешни работи изјавија дека полицијата создала два фотороботи на осомничени, врз основа на изјавите на очевидци. Во експлозијата во понеделникот загинаа 12 лица, а според надлежните, повеќе од 150 луѓе се повредени, од кои 22 се во критична здравствена состојба. Полицијата во Белорусија денеска ги проверува патиштата, станиците и аеродромите. Според претседателот Александар Лукашенко, нападот е обид за дестабилизација на земјата. Тој не ја отфрли вмешаноста од странство.