Белоруското КГБ го идентификувало осомничениот за експлозијата

Снимка - чад во метрото во Минск

Белоруското КГБ соопшти дека е идентификуван осомничениот за експлозијата во метрото во Минск во која вчера загинаа 12 лица а речиси 150 се повредени Властите на Белорусија ветија дека ќе ги гонат виновниците.
Обвинителството ова окарактеризира како терористички акт.
Според Претседателот Александар Лукашенко, целта е да се дестабилизира земјата. Тој не ја отфрли вмешаноста од странство. Опозицијата во Белорусија пак стравува дека, власта ова ќе го искористи за натамошна пресметка со неа.